Табела на медали: Јапонија сè уште најуспешна на Игрите во Токио

EPA-EFE/HOW HWEE YOUNG

Домаќинот на 32. Летни олимписки игри, Јапонија и понатаму е на првото место на табелата на освојувачи на медали.
Јапонците денеска освоија нови три златни медали и со вкупно 13 златни одличја се најдобри. Тие вкупно имаат освоено 22 медали, покрај 13 златни, имаат и четири сребра и пет бронзи.

Втора е Кина која има еден златен медал помалку, додека САД е трет со освоени 11 златни медали. Но, Американците досега највеќе пати се искачија на победничкиот пиедестал, тие имаат вкупно 31 освоен медал, освен 11 златни, имаат и 11 сребрени медали и девет бронзени.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот