Таа е синоним за анорексија, а милиони луѓе ја следат само за да проверат дали е жива

Instagram

Евгенија Куни (26) со години е синоним за анорексија. Веќе со првата своја фотографија што ја објави на Интернет, стана вирална, а нејзината слаба фигура е застрашувачка.

Таа зборува за шминка и мода на Јутјуб, но сè подлабоко влегува во анорексија. Гледачите кои го посетуваат нејзиниот канал ретко го следат она што го кажува за пудрите, кармините или облеката што ја носи. Многумина само гледаат во нејзиното тело – висока е 170 см и тежи помалку од 41 килограм.

Instagram

Евгенија има повеќе од два милиони следбеници на Јутјуб. Заработила повеќе од половина милион долари на сметка на своите снимки. Таа со години живее со анорексијата.

Никогаш не потврдила дека има анорексија, а до својата публиката испраќа пораки од типот: „Никогаш не дозволувајте да влијае на вас она што го велат за вас“. За себе вели дека „едноставно изгледа така“.

Нејзините фанови ѝ порачуваат дека одамна требало да отиде во болница и да започне со лекување. Некои ја обвинуваат и за промовирање на анорексија бидејќи, додека ја покажува новата облека што „виси“ на неа, се прашуваат дали е воопшто свесна дека е болна, иако се чини дека ужива во глетката на своето слабо тело.

Во 2016 година беше покрената и петиција за отстранување на Евгенија од Јутјуб. Беа собрани околу 16.000 потписи, а потоа петицијата беше укината. Покренати се уште иницијативи, вклучително и бојкотот на нејзините снимки, меѓутоа, сè што е преземено пропадна, бидејќи секој вид на обид на публиката да ѝ помогне на Евгенија, привлекло уште повеќе следбеници.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот