Таа е најзгодната баба со тело на 20 – годишна девојка! Може да погодите колку години има? (ФОТО)
Не постојат многу баби што може да се пофалат со совршен изглед на нивното тело, какво што има Александра Лабастида Шапиро.
Речиси никој не може да погоди колку години има таа. Најчесто мислат дека е врсничка со нејзината 32 годишна ќерка.
Тоа не е се. Таа е мајка на три деца и баба на четири внуци и поради тоа го носи епитетот за најсекси баба на социјалните мрежи.
Педесет и петгодишната Александра живее во Чикаго и од 2000 година работи како инструктор по пилатес.
Таа има фигура на која може да и подзавидат многу дваесетгодишни девојки. Нејзиниот изглед е благодарение на здравата исхрана, суровите производи, но и редовната физичка активност.
На атлетика е „навлечена“ уште од детството, а татко и бил првиот кој и ги отворил вратите во фитнесот.
– Татко ми ме внесе во светот на фитнесот уште кога бев девојче. Во нашата куќа никогаш не се користеа лекови, така да од мали нозе бев свесна за важноста на здравите навики и животот кој треба да биде во склад со природата.