СЗО: За 24 часа во светот со коронавирус се заразиле 659.000 луѓе

Фото: ЕПА/ЕФЕ

Повеќе од 659.000 луѓе се заразиле со коронавирусот во изминатите 24 часа, соопшти синоќа Светската здравствена организација (СЗО).

Бројот на лица заразени со коронавирусот од почетокот на пандемијата надмина 129,21 милиони, се вели во дневниот билтен на СЗО.

Досега, 2.820.098 луѓе починаа од коронавирусот, а само се регистрирани 11.626 смртни случаи.

Најголем број случаи имало во Европа – 41 процент (275.728 случаи), па потоа следуваат Северна и Јужна Америка (220.277) и Југоисточна Азија (94.908).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот