СЗО со нови, разочарувачки прогнози за пандемијата

Според шефот на СЗО, пандемијата на Ковид-19 „го смени светот”.

Пандемијата предизвикана од коронавирусот се интензивира во светот, бидејќи во последните шест недели бројот на заболени е речиси двојно зголемен, достигнувајќи 16 милиони, а бројот на умрени надмина 640 илјади, соопшти денеска на брифинг во Женева генералниот директор на СЗО, Тедрос Адханом Гербејсус.

-СЗО има информации за речиси 16 милиони случаи на заразе4ни лица и повеќе од 640 000 смртни случаи. Пандемијата продолжува да се забрзува, рече тој, истакнувајќи дека „бројот на случаи е речиси двојно зголемен во последните шест недели”.

Тедрос најави дека Светската здравствена организација неделава ќе ја свика Комисијата за итни случаи за да ја процени состојбата околу пандемијата. Тој потсети дека на 30 јануари СЗО прогласи вонредна ситуација со коронавирусот со меѓународно значење.

-Во согласност со меѓународните регулативи, неделава ќе го свикам Комитетот за итни случаи за да ја преиспитаме пандемијата и да донесеме соодветни препораки, рече извршниот директор на СЗО.

Според шефот на СЗО, пандемијата на Ковид-19 „го смени светот”. Таа истовремено ги обединува и дели луѓето и општествата, покажувајќи дека „луѓето се способни да реагираат и позитивно и негативно”.

-Научивме многу и се уште многу учиме, рече Тедрос Аданом Гебрејсус.

Тој истакна дека сегашната пандемија е најсериозната ситуација во светот, објавена од СЗО.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот