СЗО: Огромен пораст на новозаразени во Европа, во Словенија скок за 150 отсто

Лого на СЗО / Фото: Архива

Светската здравствена организација денеска  објави дека минатата недела е забележано големо зголемување на инциденцата на коронавирус во Европа, односно дека се потврдени повеќе од 927.000 случаи.

Во својот последен извештај, СЗО наведува дека бројот на нови случаи е зголемен за 25 проценти во последната недела, односно дека новите случаи во Европа сочинуваат 38 проценти од сите нови случаи пријавени ширум светот.

Како што се наведува, повеќе од половина од случаите во Европа ги бележат заедно Русија, Чешка и Италија.

СЗО потенцира и дека и  бројот на смртни случаи во Европа продолжува да расте и е за една третина повисок од претходната недела.

Агенцијата за здравство на ООН соопшти дека бројот на нови случаи во Словенија е зголемен за 150 проценти во однос на од претходната недела, со нови 4.890 случаи.

(Извор: МИА)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот