СЗО: Асимптоматските случаи ретко го шират новиот коронавирус

Луѓето кои немаат симптоми на новиот коронавирус ретко ја шират инфекцијата, изјави епидемиологот на Светската здравствена организација, Марија Ван Керх.

– Врз основа на податоците што ги имаме, се чини дека ретко лице без симптоми го пренесува (вирусот) на друго лице, нагласи таа.

Ван Керх истакна дека СЗО добива извештаи од држави, што детално ги следат контактите на заразените, вклучително и асимптоматски случаи и тие држави не откриле дека пренесувањето продолжува со таквите случаи.

Ван Керх рече дека луѓето кои немаат симптоми на Ковид-19, често развиваат лесна форма на болеста, јави Си-Ен-Ен. Во исто време, таа повтори дека вирусот се шири преку капки, што се ослободуваат кога некој кашла или кива.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот