Светски куп: Мануел Фелер победник на слаломот во Венген

фото: EPA-EFE/JEAN-CHRISTOPHE BOTT

Германскиот скијач Мануел Фелер денеска победи во слаломот, во четвртата трка од Светскиот куп во алпско скијање во Венген.

Фелер, кој беше трет по првата трка, до својата трета победа сезонава, вкупно петта во кариерата во Светскиот куп, дојде со време од една минута, 50 секунди и 28 стотинки. Сите шест победи ги постигна во слалом.

Водејќи по првото возење, Норвежанецот Атл Ли Мекграт го освои второто место со десет стотинки заостанување. Подиумот го комплетираше неговиот сонародник Хенрик Кристоферсен со 21 стотинка послабо време од победникот.

Фелер е лидер во генералниот пласман во слалом со 345 бодови. Втор е Мекграт со 192, а трет е Австриецот Марко Шварц со 180 поени.

Швајцарецот Марко Одермат е прв на табелата на Светскиот куп со 1,016 бодови, додека Шварц е втор со 464 бодови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот