Светска банка прогнозира пад на руската економија од 6 проценти

Во 2021 година рускиот БДП би требало да забележи раст од 2,7, а во 2022 година 3,1 отсто, соопштува ЕЦБ.

Руската економија ќе се намали оваа година за 6 отсто, што претставува најголем пад од 2009 година под притисок на пандемијата од корона вирусот како и од падот на цената на нафтата, се вели во денешната проценка на Светска банка.

Во 2021 година рускиот БДП би требало да забележи раст од 2,7, а во 2022 година 3,1 отсто, соопштува ЕЦБ.

– И покрај позитивните прогнози на стапките на раст на БДП за следните години, разликата во 2022 година едвај ќе го надминува предпандемиското производство, се вели во констатациите на оваа институција.

Владините мерки би можеле да помогнат во кризата

Се напоменува и дека владините мерки се како потпора и дека доколку бидат спроведени до крај, тие би можеле да го зауздаат растот на сиромаштијата порвзан со кризата.

– Нашата проценка покажува дека без владините мерки нето разликата на сиромаштијата во Русија би пораснала, изјави директорот на Светска банка за Русија, Ренауд Селигман.

Доколку владата не дадеше потпора со даночните мерки за средните претпријатија и не ги усвоеше мерките за потпора на семејствата, стапката на сиромаштија во Русија би скокнала за речиси 15 отсто.

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот