Светска банка одобри 280 милиони долари за Авганистан

светска банка
Светска банка / Фото: МИА

Одборот на Светска банка одобри префрлање на 280 милиони американски долари од замрзнатиот фонд на Авганистан на две хуманитарни агенции, со цел да и помогне на земјата да се справи со нестабилната економија по доаѓањето на власт на талибанците и повлекувањето на САД на 31 август 2021 година.

Донаторите од Фондот за реконструкција на Авганистан (АРТФ), управуван од Светска банка, мора прво да го одобрат трансферот пред парите да дојдат до Светската програма за храна и УНИЦЕФ.

Триесет и еден донатор од таа група утре треба да се состанат на таа тема.

Одборот на Светска банка во вторникот одржа неформален состанок, на кој се разговараше за трансферот до 500 милиони американски долари, од вкупно 1,5 милијарди долари колку што има во АРТФ за за хуманитарна помош.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот