Сурогат мајка по грешка го дала своето дете: Тоа беше најтешката одлука во мојот живот

Керол Хорлок
Фото: Принтскрин Јутјуб

Керол Хорлок од Англија е сурогат мајка, досега родила дури 13 бебиња, а со тоа усреќила многу парови, неодамна пренесуваа странските медиуми.

Како што вели, отсекогаш чувствувала потреба да им помага на другите и нагласува дека посебен момент е оној во кој го предава бебето на своите  родители.

Едно бебе ѝ го променило животот

Имено, 55-годишната Керол како и секогаш добила покана од брачен пар кои сакале да им роди бебе. Лесно се договориле и започнала процедурата.

„Неговата сопруга не можеше да има деца, па се договоривме да дадам јајце клетки кои ќе се спојат со неговата сперма. На 4 јуни 2004 година родив здраво и убаво момче и двајцата беа пресреќни“, се присетува Керол.

Но, само шест недели по раѓањето, повикот на таткото на бебето променил сè.

Керол Хорлок / Фото: Принтскрин Фејсбук

ДНК тест

„Беше бесен и рече дека ДНК тестот покажал дека тој не е татко на детето. Не ми беше јасно како се случило тоа, бидејќи ги презедов сите мерки на претпазливост, па побарав уште еден тест и имав што да видам. Бебето било зачнато од мојот сопруг само неколку дена пред ин витро оплодувањето“, објаснила оваа жена.

Керол и нејзиниот сопруг Пол немале деца заедно, а како што велат, кога дознале дека станале родители, нивниот свет се свртел за 180 степени.

„Мислевме дека е шега. Сепак, тоа беше нашата реалност. Им предложивме на родителите да ни го дадат бебето, но по неколку часа се договоривме дека сепак е најдобро да го задржат“, раскажала Керол.

Керол Хорлок
Керол Хорлок / Фото: Принтскрин Јутјуб

Најтешката одлука што ја донела во животот

„Се смирив кога ветија дека ќе се слушаме и гледаме. И тоа го направивме, некое време, а потоа пораките престанаа да доаѓаат и изгубивме секаков контакт“, раскажува Керол со солзи во очите.

Како што вели, таа е во контакт со сите бебиња што ги родила, освен со момчето зачнато по природен пат пред договореното вештачко оплодување.

„Решив дека не можам туку така да го пуштам. Ја најдов жената покрај која расте на „Фејсбук“ и видов фотографии на кои има седум години. Ме стегна срцето од тага“, вели таа.

Керол Хорлок
Керол Хорлок / Фото: Принтскрин Јутјуб

Нејзиниот син во јуни годинава ќе наполни 18 години, а Керол, надевајќи се дека би сакал да ги запознае своите биолошки родители, го оставила нејзиниот телефонски број во контакт регистарот за посвоени деца.

„Постојано мислам на него. Се надевам дека еден ден телефонот ќе заѕвони и дека ќе го слушнам неговиот глас“, вели Керол.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот