Суперлига: Вардар оствари важна победа во дербито против Еурофарм Пелистер

фото: Denis Dukovski/RK Vardar 1961

Денеска во СЦ „Јане Сандански“ во Скопје во дербито на македонската ракометна Суперлига екипата на Вардар пред своите навивачи со 24:20 славеше против Еурофарм Пелистер.

По првото полувреме играчите на тренерот Владо Недановски имаа само еден гол разлика (12:11).

Во самиот финиш од мечот на семафорот стоеше нерешени 20:20, а потоа сите дилеми околу победникот ги решија скопските „црвено-црни“ со серија од четири голови.

Во победничките редови Јасухира шест пати се запиша во листата на стрелците, а по четири имаа Георгиевски, Петриќ и Родригез.

За битолскиот тим најефикасен беше Цехте со шест погодоци, а по два помалку запишаа Пешевски и Радивојевиќ.

На табелата и натаму е лидер Еурофарм Пелистер со 23 бодови, сега само два повеќе од второпласираниот Вардар.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот