Суперлига: Охрид не беше закана, нова убедлива победа на Вардар

Фото: РК Вардар

Актуелниот македонски шампион забележа нова убедлива победа во Суперлигата откако со 32:25 славеа против Охрид. Алкалоид беше одличен кај Струга и оствари триумф од 44:29.

Вардар водеше од првата минута, а посериозната разлика почна да ја прави од 11. минута кога поведе со 8:4. Ракометарите на Охрид грешеа во нападот, а вардарци тоа го казнуваа и на пауза заминаа со предност од 19:14.

Не се менуваа работите ниту во во второто полувреме. Вардар веднаш на стартот стигна до седум разлика (23:16), па стана јасно дека Охрид нема да се врати резултатски.

Претходно денес победа забележа Голден Арт со 29:25 против Радовиш.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот