„Супер Марио“ му се реваншираше на Кјелини: Барем јас сум искрен!

фото: твитер

– Мело е полош од најлошиот. Со него секогаш беше на работ на физичка пресметка – вели капитенот на „Старата дама“.

Дефанзивецот на Јувентус, Џорџо Кјелини, кој е познат како бескомпромисен борец на теренот, напиша автобиографија во која се осврна на Марио Балотели и омраза кон неговиот лут ривал, Интер.

Двајца играчи навистина ме разочараа во кариерата. Првиот е Марио Балотели, а вториот е Фелипе Мело. Балотели е негативна личност, која не ја почитува екипата. За време на натпреварот со Бразил во Купот на Конфедерации во 2013 година, тој воопшто не учествуваше во играта на националната репрезентација, тој заслужува шлаканица. Луѓето мислат дека тој беше меѓу првите пет најдобри напаѓачи, но за мене тој не беше ниту за во првите 20. Што се однесува до Мело, тој е полош од најлошиот. Со него во Јувентус секогаш беше на работ на физичка пресметка. Ова им го кажав на луѓето од клубот – се зборовите на Кјелини во интервјуто за „Ла Република“.

Напаѓачот на Бреша, Марио Балотели или „Супер Марио“ како што го нарекуваат, веднаш му возврати на капитенот на „Старата дама“.

Јас барем имам искреност и храброст да кажам директно во лице. Од 2013 година ќе имаше многу можности да го направиш тоа, однесувајќи се како вистински човек, но тоа не го направи.

Којзнае што ќе кажеш еден ден за денешните тимски колеги, чуден капитен.. Доколку ова значи да се биде шампион, тогаш претпочитам да не бидам. И никогаш не покажав непочитување кон синиот (италијанскиот) дрес – напиша Балотели на Инстаграм.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот