Сугарески: Грев е кога луѓето се преплашени за здравјето, a некој се служи со подмолни трикови смислени во партиски кујни!

фото Архива

Мене може да ме критикувате колку сакате, јас сум јавен службеник платен со народни пари и обврска ми е да трпам неосновани критики и да се бранам колку знам и умеам, но не го чепкајте моето семејство, кое не е ни криво ни должно за мојата политичка активност, напиша Сугарески на Фејсбук.

Некој си игра со здравјето преку лажни вести. Тешка лага е дека Центарот за јавно здравје во Прилеп предупредил присутни на забава во „Порта” дека се потенцијално заразени од вирусот и треба да се самоизолираат, напиша вечерва на својот фејсбук профил министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески.

Тој појаснува дека доколку станува збор за вистина, менаџментот на „Порта” прв ќе објавел оти постои ризик за здравјето на посетителите, како општествено одговорни чинители и вредни угостители со образ и чест.

-Ем шират паника во Прилеп ем си тераат партиски пресметки, додека сите државни и општествени капацитети се впрегнати во справување со пандемијата од „Ковид 19″. Слушнете ме добро! Мене може да ме критикувате колку сакате, јас сум јавен службеник платен со народни пари и обврска ми е да трпам неосновани критики и да се бранам колку знам и умеам, но не го чепкајте моето семејство, кое не е ни криво ни должно за мојата политичка активност, потенцира Сугарески.

Оваа пандемија, додава тој, еднаш ќе заврши, како и политичките кариери и ќе дојде време да се погледнеме во очи.

-Злобата никому не носи добро. Грев е кога луѓето се преплашени за здравјето, a некој да се служи со подмолни трикови смислени во партиски кујни! Баталете политика, вирусот не разликува ни етникум, ни вера, ни партиска припадност! Кругот е мал, а во него сме сите, напиша министерот Сугарески на фејсбук.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот