Судот ја одби кауцијата за поранешната девојка на педофилот Епстин

epa08523308 Photo boards are seen during Acting United States Attorney for the Southern District of New York Audrey Strauss' (Not Pictured) news conference to announce charges against Ghislaine Maxwell for her alleged role in the sexual exploitation and abuse of multiple minor girls by Jeffrey Epstein in New York, USA, 02 July 2020. EPA-EFE/JASON SZENES

Нејзините бранители во петокот предложија кауција од 5 милиони долари во обврзници и 3,75 милиони во недвижности во Британија, како и домашна изолација со електронско следење.

Американска судика не ја одобри кауцијата за Жислејн Максвел, партнерката на Џефри Епстин, обвинета дека подведувала млади девојки и му помагала на покојниот финансиер во неговото сексуално предаторство.

Судијата Алисон Нејтан во судот на Менхетн го одби барањето за кауција за Жислејн Максвел откако обвинителите предупредија дека постои опасност да побегне од земјата. Судењето ќе почна на 12 јули идната година.

Максвел е обвинета дека му помагала на Епстин да наоѓа, а потоа и сексуално да злоставува девојки од 1994 до 1997 година и дека лажела за својата улога во исказите дадени во 2016 година.

Обвинета е по шест точки, четири за подведување малолетнички со цел противзаконски полов однос и две за лажење под заклетва, а во вторникот рече дека не се чувствува виновна.

Од притворот во бостонскиот затвор каде е од 6 јули, Максвел даде исказ преку видеолинк. Уапсена е на 2 јули во Брадфорд во Њу Хемпшир каде се криела на голем имот кој во декември го платила во кеш.

Нејзините бранители во петокот предложија кауција од 5 милиони долари во обврзници и 3,75 милиони во недвижности во Британија, како и домашна изолација со електронско следење.

Одбраната тврди дека Максвел од почетокот ја отфрлала секоја вмешаност во противзаконските односи кои ги вршел Епстин.

Епстин во мај 2019 година е обвинет за полово искористување на повеќе од десет девојки и жени од 2002 до 2005 година во својот дом на Менхетн и Палм Бич на Флорида. Во август минатата година на возраст од 66 години се обеси во затворот на Менхетн.

Обвинителството во понеделникот објасни дека изгледите за бегство на Жислејн Максвел се „крајно големи“ зошто е богата и поседува повеќе државјанства: американско, француско и британско, а и пред тоа успешно го одбегнувала приведувањето.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот