Судот ги ослободи од обвинение докторите од Онкологија Нино Васев, Игор Стојковски и Марија Симоновска

Онкологија / Фото Колаж на Слободен печат

Кривичниот суд Скопје утрово ги ослободи од обвинение доктор Никола Васев, екс директор на Клиниката за онкологија, доктор Игор Стојковски онколог од истата клиника, како и докторката Марија Симоновска.

Тие се ослободени од обвинение во врска со случајот на пациентот Томо Ристовски односно не се виновни за несовесно работење во службата и за несовесно лекување болни.

Семејството на пациентот ќе ја обжали пресудата, а обвинението беше покренато од страна на јавното обвинителство Скопје. Обвинителството тврдеше дека пациентот Томо Ристовски не добивал терапија во периодот од неколку месеци во 2018 година на Онкологија по што починал.

Судот пресуди дека лекарите не се виновни за кривични дела.

Извршен претрес во домот на екс директорот на Онкологија, доктор Нино Васев

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот