Судбината на Евровизија на „стаклени нозе“: Можно е да се откаже поради коронавирус!

Овогодинешната Евровизија треба да биде одржана од 12 до 16 мај во Ротердам, откако минатата година претставникот на Холандија ја однесе победата. Меѓутоа, сепак се поставува прашањето дали овој престижен музички фестивал воопшто ќе биде одржан поради алармантната ситуација со коронавирусот.

Холандските медиуми пишуваат дека одржувањето на манифестацијата сè повеќе е под знак прашалник. Ова би било петти пат да се одржи Евровизија во Холандија, а победата во 2019 година ја доби Данкан Лоренс со песната „Аrcade“. Интересно е тоа дека Холандија нема oсвоено победа уште од 1980 година.

Инстаграм

„Доколку ширењето на коронавирус не биде контролирано, би било залудно да се соберат толку луѓе на едно место. Мораме да мислиме однапред и да го ставиме здравјето на прво место, а за тоа се свесни и организаторите. Можно е вирусот зимава да се шири побрзо и поефикасно поради природата на заразата и дека во мај веќе ќе биде подобра ситуацијата, но моментално ситуацијата е многу сериозна и многу манифестации ќе бидат откажани“, беше изјавата на холандскиот виролог Аба Остерхаус за медиумите.

Потсетуваме дека поради коронавирус беше прекинато и снимањето на филмот „Невозможна мисија“, чии први кадри требаше да бидат снимени во Венеција. Том Круз, кој игра главна улога во овој филм, моментално е „заробен“ во хотелот во Венеција.

Поради коронавирус одложени се и разни спортски манифестации: Светското атлетско првенство, неколку квалификациони олимписки турнири, загрозени се мечовите за Евролига, а најнова вест е дека е одложено и Светското екипно првенство во пинг-понг.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот