Судбина: Како Камбер Бајрамов од свој дом заврши во затвор, од затвор на улица!

Фото: Слободен печат

Многу пати одев во Министерство за труд и социјална политика, ништо не ми помогнаа. Барам работа секаде, но опериран сум од срце, и не можам како порано да работам физичка работа. Спијам каде ќе најдам, по улици, во паркови, ме брка полиција. Некогаш ако ме види некој пријател ме вика да преспијам кај него,. Понекогаш просам, не е срамота да побараш, срамота е да украдеш, вели Бајрамов.

Се зголемува бројот на бездомни лица кои ги користат услугите на пунктот за бездомници изминатиов период. Денеска таму на 50 бездомници им беа доделени пакети со храна и средства за хигиена и по една кабаница.

Еден од нив е и Камбер Бајрамов на кого од 2015 година улицата му е дом. По излегувањето од затвор, каде отслужувал казна за убиство, дознал дека семејната куќа му ја продале сестрите, сопругата и синот го напуштиле, а тој веќе неколку години се обидува да се реинтегрира во општеството, во што му помага Црвениот крст.

-Многу пати одев во Министерство за труд и социјална политика, ништо не ми помогнаа. Барам работа секаде, но опериран сум од срце, и не можам како порано да работам физичка работа. Спијам каде ќе најдам, по улици, во паркови, ме брка полиција. Некогаш ако ме види некој пријател ме вика да преспијам кај него,. Понекогаш просам, не е срамота да побараш, срамота е да украдеш, вели Бајрамов.

Тој нагласува дека се кае за стореното убиство, но вели дека дванаесетте години поминати во затвор му биле доволна казна, и се надева дека ќе престанат осудувањата кон него, но и кон сите други кои некогаш се огрешиле пред законот.

-Луѓето кога ќе слушнат дека сум бил во затвор поради убиство, се оддалечуваат од мене. Се плашат да ме вработат, ме осудуваат, си мислат дека ум убиец, и не им е жал за мојата судбина. Но секој може да се најде на моето место, грешка се прави еднаш, а за неа се плаќа цел живот. Јас иако не сум веќе во затвор, уште некој начин сум казнет поради моето минато. Многу сакам да ми се врати стариот живот, барем да имам куќа, за да можам синот да си го побарам, вели Камбер.

Фото: Слободен печат

Досега 15 лица се успешно реинтегрирани во општеството.

-Околу 15 бездомни лица се успешно реинтегрирани во општеството, вработени во големи фирми и компании, затоа што тоа се лица кои имаат занаети. Моментално имаме тројца корисници на услугите на Пунктот, кои што ветувам дека многу наскоро ќе застанат на здрави нозе, вели Драгана Лазаревска од Црвен крст.

Светскиот ден на бездомништвото се одбележува 12 години по ред. 

-Ужаснува фактот што има позитивен тренд на пораст на бројот на бездомници. Се размислува за проширување на капацитетите на Црвениот крст токму поради новите бездомници кои се лоцираат на терен. Бројот од триста лица кои пред неколку години беа евидентирани од Центарот за социјална работа, е значително зголемен, сега има околу 500. Од нив околу 150 бездомни лица неделно циркулираат тука, добиваат чиста облека и лекови, се бањаат и повторно заминуваат. Можност да преспијат во Пунктот ќе имаат од декември, кога се очекува намалување на температурата, вели Лазаревска.

Од март до сега, откако е започната пандемијата со Ковид 19 поделени повеќе од 2.000 медицински маски, 7.000 парчиња облека, дезифициенси, влажни марамчиња и сапун.

-За време на пандемијата, покрај редовните мобилни тимови кои даваа поддршка на нашите граѓани, беше формиран и посебен мобилен тим за поддршка на бездомниците. Беа реализирани посети на лекар и стручни-советодавни разговори од страна на психолог.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот