Студија: Околу 13,4 милиони бебиња родени предвреме во 2020 година

Фото: Hospital Padre Colombo

Светската здравствена организација (СЗО), Детскиот фонд на Обединетите нации (УНИЦЕФ) и Лондонската школа за хигиена и тропска медицина објавија Студијата за предвремено породување. Според неа 13,4 милиони бебиња се родени предвремено, пред 37 недела од бременоста во 2020 година, што претставува приближно едно од десет од сите живородени деца.

Наведувајќи дека предвременото раѓање е водечка причина за смрт кај децата во првите години од животот, во Извештајот се наведува дека постои итна потреба да се зајакне грижата за предвремено родените бебиња за да се зголеми стапката на преживување.

Утврдено е дека предвреме родените имаат голема веројатност да заболат од сериозни болести, попречености, доцнење во развојот, како и хронични болести како дијабетес и срцева слабост во зрелата возраст.

„Нема значително намалување на стапката на предвремено раѓање во ниту еден регион во светот во последната деценија. Годишното глобално намалување на предвремено породување помеѓу 2010 и 2020 година беше само 0,14 отсто“, се вели во извештајот.

Според истата студија околу 65 отсто од предвремените раѓања во 2020 година биле регистрирани во Африка и Јужна Азија. Во извештајот се објаснува дека предвременото породување не е проблем кој се гледа само во земјите со низок и среден развој и дека оваа ситуација ги погодува семејствата ширум светот.

Стапката на предвремено раѓање е 11,6 отсто во Грција и десет отсто во САД. Лошото здравје на мајките и неухранетоста, исто така, придонесуваат за високата стапка на предвремено породување.

Бројките за предвремено породување покажуваат дека има потреба од итно инвестирање во постоечките услуги за поддршка на предвремено родените бебиња и нивните семејства. Тоа значи дека владите во светот треба да се фокусираат на пристап до квалитетни здравствени услуги, особено пред и за време на бременоста.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот