Студентски отпор: МОН не исполни ништо од ветеното, секој ден ќе блокираме булевари во Скопје

Фото: Радио Слободна Европа

„Министерството за образование и наука не исполни ништо од ветеното, не ги почитува самопоставените рокови, па затоа најавуваме најавуваме протести и блокади на цело Скопје. Не како минатиот пат со еден протест и еден марш, туку секојдневна блокада на сите булевари во главниот град“, најавуваат од студентската организација Студентски отпор.

Во соопштението од организацијата се вели дека МОН не ги почитува законските рокови и ветувањата: се доцни со исплата на субвенциониран студентски оброк, студентите кои се прифатени за стипендија немаат видено ниту денар, се доцни и со исплата на стипендии за студентите кои ја продолжуваат стипендијата, а не е почната ниту ветената реконструкција на студентските домови.

„Преговорите за новиот закон за студентски оброк се одвиваат нетранспарентно и нема никакви официјални информации во однос на тоа како би се одвивала зголемената исплата од неверојатни 140 денари на дневно ниво. Најнова информација од МОН е дека до 15 март сите средства ќе бидат исплатени и сите сметки подмирени. Сакаме да веруваме дека е тоа така, иако согласно на досегашното искуство не можеме да бидеме оптимисти и да им веруваме на збор“, велат од Студентски отпор.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот