Стражај: Словачка докажа дека цврсто стои зад Северна Македонија за нејзиниот влез во ЕУ

Знаме на ЕУ / Фото: EPA-EFE/STEPHANIE LECOCQ

Словачка на состанокот на ЕУ во декември докажа дека цврсто стои зад македонскот народ и целосно го поддржуваме процесот на интеграција на Северна Македонија во Европската Унија, изјави денеска Томаш Стражај, директор на Словачката асоцијација за надворешна политика (СФПА).

– Ставот на Словачка укажа на одредени неправедни услови во процесот на пристапување. Позицијата на Словачка и на Чешка покажа оти се уште има земји членки во Унијата, коишто трезвено размислуваат кога станува збор за праведност на процесот на проширување и на интеграција на земјите од Западен Балкан во Европската Унија, рече Стражај.

Стражај говореше на Осмата сесија од вториот циклус на Работната група 2 – Социјална политика и вработување – Поглавје 19, на тема „Правните механизми за регулирање на работните односи во услови на пандемија предизвикана од Ковид-19: лекции што ги научивме и лекции што треба да се научат” на Националната конвенција за Европската Унија во Северна Македонија (НКЕУ-МК).

Тој се осврна на мерките во борбата против последиците од пандемијата што ги презедоа владите и на Северна Македонија и на Словачка, особено за справување со последиците од ковид-кризата, што најмногу ги засегна малите и средни претпријатија и се покажаа како најранливи во оваа криза.

– Важно е да нагласам, освен помошта на владите, е дека имавме заеднички одговор на ниво на Европска Унија – планот за обнова на економијата што ЕУ го усвои на Самитот во декември, што покажа дека земјите членки на ЕУ можат да се обединат во заедничките цели и да ги здружат силите во борба против пандемијата и нејзините ефекти, рече Стражај, потсетувајќи оти голема помош беше одделена и за Западен Балкан за да се справи со кризата.

Според него, обединетоста на ЕУ во однос на планот на закрепнување на економијата, што ги вклучува и земјите од регионот, покажува дека Западен Балкан има јасна европска перспектива и оти тука нема сомневање.

– Волјата на ЕУ да ги сподели ресурсите со земјите од вашиот регион, покажува дека Западен Балкан има јасна перспектива во Европската Унија и оти Унијата нема да остане само на сегашните 27 членки, туку во неа ќе се вклучат и неколку други, а меѓу нив верувам дека и Северна Македонија ќе има свое цврсто место, оцени директор на Словачката асоцијација за надворешна политика, Стражај

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот