Странските медиуми за црногорските избори: Тежок удар за ДПС и Ѓукановиќ

Мило Ѓукановиќ/ Фото: EPA-EFE/BORIS PEJOVIC

Во првите реакции на резултатите од парламентарните избори во Црна Гора, Ројтерс оцени дека изборниот резултат е тежок удар за Демократската партија на социјалистите (ДПС), која е на власт три децении, како и за самиот Мило Ѓукановиќ, кој владее со Црна Гора уште од распадот на поранешна Југославија.

Би Би Си наведува дека прозападната владејачка ДПС, чиј претседател е шефот на државата Ѓукановиќ, тешко ќе може да формира влада, додека Ројтерс и Асошиејтед Прес  посочуваат дека просрпската и проруската опозициска коалиција прогласиле победа.

Цитирајќи ги прелиминарните податоци од Центарот за мониторинг и истражување (ЦЕМИ), АП наведува дека, иако ДПС освои малку повеќе гласови, опозициската коалиција „За иднината на Црна Гора” има поголем потенцијал да формира владејачка коалиција со другите учесници во изборите.

Доколку Влада не биде формирана од ДПС – која, според Би Би Си, никогаш не загубила на изборите и која го забележа најслабиот резултат досега на вчерашниот ден – тоа може да доведе до прв случај на трансфер на власта во Црна Гора преку избори.

Цитирајќи ги зборовите на Здравко Кривокапиќ – носител на изборната листа на коалицијата „За иднината на Црна Гора” – кој, прогласувајќи изборна победа, синоќа рече дека „режимот падна”, Ројтерс посочува дека про-српската влада би можела да ја доближи Црна Гора до Србија и Русија. Сепак, агенцијата потенцира дека ниту во тој случај, не се очекува Црна Гора да се повлече од НАТО или да се откаже од кандидатурата за пристапување во ЕУ. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот