Столтенберг: НАТО има 20 пати поголем буџет од Русија

Фото: Драган Митрески

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изјави дека заедничкиот буџет на НАТО е 20 пати поголем од рускиот, пренесоа руските медиуми.

– Кога зборуваме за бројки, ние сме ефикасен сојуз со ефиканска војска, но и висината на трошоците ни е повисока, што го отсликува повисокиот животен стандард. Доколку ги споредите платите и трошоците за живот меѓу земјите членки и Русија очигледно е дека трошоците се повисоки во државите членки на НАТО – рече Столтенберг.

Руските медиуми пренесуваат дека НАТО планира да продолжи да вложува толку колку што е неопходно за оддржување на воената моќ и соодветно на одбраната на земјите членки.

Зборувајќи за претходната изјава дека и покрај тоа што Алијансата во 2018 година потрошила трилион долари за одбраната, Столтенберг најавува дека НАТО планира да потроши дополнителни 100 милијарди во 2020 година и да ги оддржи своите напори и уште повеќе да го зголеми буџетот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот