Стоилковски: ВМРО-ДПМНЕ нема да го поддржи проектот за изградба на нов клинички центар

ВМРО-ДПМНЕ нема да го поддржи проектот за изградба на нов клинички центар, изјави денеска партискиот портпарол, Наум Стоилковски, одговарајќи на новинарско прашање, поврзано со законот за изградба на нов клинички центар.

– ВМРО-ДПМНЕ нема да даде амин на проект на најкриминогената власт досега во Македонија. Нема да даде амин на најкриминогениот министер чиишто тендери се скандалозни и се објавуваат секојдневно оттука од оваа прес-сала. Ова е петта година како СДСМ замајува со темата Клинички центар. Ова е обид за бегство од темата поврзани со состојбите во здравството, ова е обид за бегство од темата наречена вакцините, скандалот со справувањето со цела криза во сите овие месеци, овие година дена, истакна тој.

Филипче: И нудиме на опозицијата целосна контрола врз процесот за изградба на Клиничкиот центар

Според Стоилковски, Венко Филипче турка проекти во коишто најголем дел има тендерски постапки коишто се скандалозни и со големи можности за корупција.

– За сето ова време додека ги туркаше овие тендери можеше да изградат два клинички центри, не еден во Скопје. Срамота е сега да се перат со молби до пратениците од опозицијата. Во интерес на граѓаните ќе беше да го имаа изградено Клиничкиот центар којшто им беше оставен или оној којшто го ветуваа во предизборието уште пред пет години. Петпати го ветуваат, немаат ништо од Клинички центар во Скопје. Сега во интерес на граѓаните е да не им се дозволи уште половина милијарда задолжени евра во рацете на оваа криминогена власт. Треба да им е јасно, ВМРО-ДПМНЕ нема да учествува во криминал, со самото тоа што на најкриминогената скандал до скандал власт во Македонија да и овозможи над половина милијарда евра на граѓаните, само врз база на закон на неколку листови, потенцираше тој.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот