Статус на службени лица бараат црногорските новинари по зачестените напади

Медиумската асоцијација на Југоисточна Европа најстрого го осудува нападот на Есад Кочан, главниот и одговорниот уредник на Монитор, а последниот напад е потврда за потврдата на новинарите итно да им се додели статусот на службени лица.

Тие најстрого го осудуваат нападот на главниот и одговорен уредник на црногорскиот неделник „Монитор“ Есад Кочан, за кон вчера во неделата на 28 март 2021 година јавноста беше известена од страна на Полициската управа на Црна Гора.

-Нападот на Есад Кочан е последниот во низата обиди во Црна Гора со физичка сила да се влијае на слободата на новинарите и уредувачката политика на некои медиумски куќи, што е недозволиво во било кое демократско општество. Поради тоа неопходно е на новинарите што побрзо да им се додели статус на службени лица, во смисла на Кривичниот законик на Црна Гора, за да се воведе построга санкциона политича, која ќе има одвраќачки ефект, стои во соопштението потпишано од извршниот директор Вук Мараш.

Во врска со тоа, Медиумската асоцијација на Југоисточна Европа ги поздравува меѓуресорските консултации во Владата, кои на нивна инцијатива ги покрена министерката задолжена за секторот медиуми Тамара Срзентиќ, за да се тргне кон измени во Кривичниот законик и новинарките и новинарите да им се додели статус на службени лица.

-Исто така ја поздравувавме поддршката од потпретседателот на Владата Дритан Абазовиќ за нашата иницијатива, нападот врз новинарите да се нормира како напад врз службени лица. Ја повикуваме Владата на Црна Гора на овој процес да му се даде максимален приоритет и што побрзо да се извршат измени на Кривичниот законик, за да можеме како општество да испратиме јасна порака дека нападите врз новинарите од сега за последица ќе имаат сериозни кривични санкции, објавува Медиумската асоцијација на Југоисточна Европа.

Тие ги повикуваат правосудните органи итно да тргнат во акција за процесуирање на овој и сите случаи на напади врз новинари и имотот на медиумите за сторителите и налогодавачите на тие кривични дела да се приведат пред правдата.

Напаѓачот на главниот уредник на „Монитор“ бил апсен неколку пати

Нападнат новинар во Црна Гора – фелата го осуди нападот и бара статус на службени лица

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот