Стативата и Зума го спасија Челси (ВИДЕО)

EPA-EFE/Justin Tallis

Фудбалерите на Челси со 2:3 славеа на гостувањето кај Кристал Палас, додека Вотфорд со пресврт дојде до триумф над Норич во рамките на 34. коло од Премиер лигата.

Во лондонската пресметка Челси успеа да ги освои трите бода со што се искачи на третото место на табелата со 60 бодови, три повеќе од Лестер кој сега треба да го игра дербито со Арсенал и пет од Манчестер јунајтед кој исто така има натпревар помалку.

„Сините“ поведоа по нефер плеј потегот, поранешниот капитен на Челси кој сега игра за Кристал Палас, Тим Кејхил трчаше заедно со Вилијан, но одеднаш падна како покосен додека Бразилецот ја продолжи акцијата и му асистираше на Жиру кој го отвори резултатот.
Во 27. минута Челси поведе со 0:2 и Вилијан повторно асистираше, овој пат до Пулишиќ.


До крајот на полувремето Кристал палас успеа да намали и тоа преку најубавиот гол во кариерата на Вилфред Заха. Тој во 34. минута ја прими топката на 40-тина метри, направи неколку чекори и потоа шутна и топката ја смести во мрежата на Кепа.

Во второто полувреме прво Челси преку Абрахам поведе со 1:3, а домашните играчи преку Бентеке намалија на 2:3 и во судиското продолжение имаа две шанси да дојдат до израмнување. Прво стативата го спаси Кепа, а потоа Зума со лизгачки старт го запре Бентеке да постигне гол.

На вториот натпревар Вотфорд со пресврт го совлада Норич со 2:1. Гостите поведоа уште во четвртата минута преку Буендиа но гостите со головите на Доусон и на Велбек дојдоа до три бода со кои најверојатно ќе го обезбедат опстанокот во Премиер лигата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот