Извештај на НАТО: Вкупните воени расходи на земјите-членки во 2020 година ќе изнесува 1.092,5 милијарди долари

Фото: EPA/CESARE ABBATE

Вкупните расходи на земјите-членки на НАТО во 2020 година ќе изнесуваат 1.092,5 милијарди долари, што е за 61 милијарда долари повеќе одошто во 2019 година, се вели во статистичкиот извештај за воените трошоци на Алијансата. Обемот на воени трошоци во Европа и Канада, во 2019 година, изнесуваше 301,38 милијарди долари.

Велика Британија и Франција, двете најголеми воени сили на Европа, се очекува да ја достигнат целта од два процента, заедно со Грција, со Полска, со Летонија, со Литванија, со Естонија, со Полска, со Романија и со Норвешка.

Но, неколку големи земји на ЕУ нема да успеат, вклучувајќи ги Германија со 1,57 отсто, Италија (1,43 отсто) и Шпанија (1,16 отсто). Најмногу заостануваат основачите на ЕУ, Белгија (1,10 проценти) и Луксембург (0,64 проценти), пишува „Фајненшл тајмс“.

Презентирајќи го извештајот, генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, на прес-конференција во Брисел изјави дека и покрај пандемијата, воените трошоци на европските земји од НАТО и Канада се зголемуваат: „Шеста година по ред, гледаме зголемување на воените трошоци, очекуваме овој тренд да продолжи”.

Споредбата на воените трошоци на НАТО во 2019 година и во 2020 година, изразени во долари, покажува дека девет од 30 земји ги намалиле своите воени трошоци. Најзначајно намалување на воените трошоци има во Бугарија – од 2,16 милијарди на 1,2 милијарди долари.

САД очекуваат сите земји-членки на НАТО да ги зголемат своите воени трошоци на најмалку два отсто од БДП до 2024 година, проценка што е надмината во 10 од 30 земји-членки на Алијансата, вклучувајќи ги и САД.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот