Стартот на Бундеслигата е закажан за септември

фото: EPA-EFE/ARMANDO BABANI

Новата сезона во Бундеслигата ќе започне на 18 септември, додека последното коло е предвидено да се игра на 22. мај 2021 година, објави Германската фудбалска федерација.

Стартот на сезоната во Бундеслигата обично е во вториот викенд од август, но новата сезона ќе започне еден месец подоцна поради принудната пауза од три месеци во оваа сезона поради пандемијата на коронавирусот.

Поради одложувањето на стартот на новата сезона, зимската пауза која вообичаено трае шест недели, сега ќе биде намалена и вториот дел од сезоната наместо кон крајот на јануари 2021 година ќе започне на првиот викенд во новата година.

Фудбалската сезона во Германија вообичаено започнува со натпреварите од Купот, а првото коло ќе се игра од 11. до 14. септември, додека финалето кое традиционално се игра на Олимпискиот стадион во Берлин ќе се одигра на 13.мај 2021 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот