„Стари пушачи“: Астрономите откриваат масивни древни ѕвезди на Млечниот Пат

Фото: Profimedia

Астрономите открија мистериозна група џиновски стари ѕвезди во срцето на Млечниот Пат кои испуштаат облаци од прашина и гас со големина на Сончевиот систем, пишува „Гардијан“.

Ѕвездите, кои се наречени „стари пушачи“, беа неподвижни многу години, избледувајќи речиси до невидливост, пред наеднаш да ослободат огромни облаци од прашина. Откритието е направено при следење на речиси милијарда ѕвезди во инфрацрвениот спектар за време на десетгодишното истражување на ноќното небо.

„Тие стојат таму и одеднаш ја исфрлаат материјата“, рече професорот Филип Лукас од Универзитетот во Хертфордшир, кој ги предводеше набљудувањата.

„Тоа е нов тип ѕвезди и сите тие се чини дека се групирани во истиот дел од небото, многу блиску до центарот на нашата галаксија Млечен Пат.

Намерата на астрономите била да ја забележат ретката појава на новородени ѕвезди, познати како протоѕвезди, додека тие се подложени на скокови на раст на ѕвездите. Во овој период, младите ѕвезди брзо добиваат маса со „хранење“ со околниот гас што формира ѕвезди, што доведува до нагло зголемување на сјајноста.

Тимот следеше стотици милиони ѕвезди и идентификуваше 32 еруптирачки протоѕвезди чија светлина се зголемила најмалку 40 пати, а во некои случаи и повеќе од 300 пати.

Меѓутоа, друга група на црвени џиновски ѕвезди неочекувано се појави во анализата во близина на центарот на Млечниот Пат. Кога подетално се проучувале со многу големиот телескоп на Европската јужна опсерваторија, седумте ѕвезди биле прогласени за нов тип на црвен џин (ѕвезда на умирање), кои истражувачите ги нарекле „стари пушачи“. Конвекционите струи и нестабилноста во внатрешноста на ѕвездата може да предизвикаат ослободување на огромни млазови гас, претпоставува Лукас.

„Тоа се облаци со големина на Сончевиот систем“, нагласува професорот Лукас. „Нашата претпоставка е дека ова се еднонасочни млазови прашина, веројатно од едно место на површината на ѕвездата“.

Наодите имаат пошироки импликации бидејќи овој материјал исфрлен во меѓуѕвездениот простор од ѕвездите кои умираат ја сее следната генерација на ѕвезди.

„Откривањето нов тип ѕвезда што ја отфрла материјата може да има пошироки импликации за дистрибуцијата на тешки елементи во нуклеарниот диск и областите богати со метали на другите галаксии“, објаснува професорот Лукас.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот