Стано: Време е за напредок во дијалогот меѓу Белград и Приштина

Портпаролот за надворешна политика на ЕУ, Петер Стано / Фото: Архива

 Портпаролот за надворешна политика, Петер Стано, изјави дека процесот на преговори помеѓу Белград и Приштина веќе донел позитивни резултати, но дека сега е време за напредок.

Дијалогот помеѓу Србија и Косово годинава ја одбележува својата десетгодишнина, но се уште не се наѕира крајот на процесот, а провокативни изјави се уште пристигнуваат од двете страни.

Портпаролот Стано попладнево на редовниот брифинг за новинари во Брисел изјави дека ставот во Белград и во Приштина е дека нема алтернатива за овој дијалог под надзор на Европската Унија.

-Долгорочната цел е да се приближат двете страни до ЕУ патот, а тоа поминува преку дијалогот и нормализацијата на односите. Овој дијалог направи вистинска разлика во животот на граѓаните, но после десет години време е да се оди напред и да се дојде до успешен крај, изјави Стано.

Тој се осврна и на изјавите на Албин Курти дадени за европски медиуми во кои тој сугерира дека поддржува концепт на “Голема Албанија”. Стано истакна дека двете страни се свесни оти овој процес може да се затвори само доколку исходот е прифатлив за сите инволвирани и доколку е во согласност со правото на ЕУ и меѓународното право.

ЕУ, исто така, смета  дека лидерите во регионот треба да дадат пример и да поттикнуваат меѓусебна доверба, соработка и добрососедски односи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот