Стадионите во Франција ги отвораат вратите за навивачите

twitter/Just Football

Стадиони во Франција официјално ќе бидат отворени за љубителите на фудбалот и спортот од 11 јули годинава, соопштија локалните власти.

Најмногу 5.000 гледачи ќе имаат право да бидат присутни на трибините за време на натпреварите во Купот на Франција и Лига Купот, како и за пријателските мечеви пред почетокот на сезоната.

Уште еден чекор во оваа земја кон олеснување на преземените мерки за да се запре ширењето на коронавирусот.

Како што е веќе познато поради Ковид-19 предвреме заврши натпреварувачката сезона во „Лига 1“ на 30 април, а ПСЖ беше прогласен за шампион.

Наредниот шампионат во најсилното француско првенство се очекува да започне на 22 август.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот