СРПСКИ КАМИОН ПРЕДИЗВИКАЛ СТРАШНА СООБРАЌАЈКА ВО УНГАРИЈА: Пробиена заштитната ограда на автопат, седум мртви

Фото: Принтскрин

Седум лица загинале во страшна сообраќајна несреќа која се случила рано утринава на автопат кај местото Кистелек недалеку од Будимпешта, пренесуваат српските медиуми.

Во несреќата учествувал камион со српски регистарски таблички, како и уште два автомобили, а сите возила изгореле.

Според пишувањето на хрватските и унгарските медиуми, камионот ја пробил заштитната ограда и преминал во спротивен правец. Возачот на камионот во несреќата не е повреден.

Несреќата се случила околу три часот наутро, а увидот и натаму трае, бидејќи автопатот бил затворен за сообраќај, пренесува 24сата.хр.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот