Српска листа: ЗСО е институција неопходна за опстанок на српскиот народ

Собир на Срби во Косово / Фото: МИА

Делегацијата на Српската листа во Косово денеска присуствуваше на дебатата за Заедницата на српските општини, нејзиното формирање, надлежностите, функционирањето и предизвиците, што се одржа во Амбасадата на САД во Приштина, објави Косова онлајн.

Како што се наведува во соопштението на Српската листа, претставниците на партијата, за која наведуваат дека е легитимен претставник на српскиот народ, го повториле јасниот став дека формирањето на Заедницата на српските општини е обврска на Приштина, која го презеде во форма на меѓународен договор, а потоа го ратификуваше во својот парламент со двотретинско мнозинство.

Српската листа на средбата посочила дека ЗСО „е институција потребна за опстанок на српскиот народ, а не нечиј каприц“, се додава во соопштението.

„Јасно беше истакнато дека формирањето на Заедницата на српските општини мора да се изврши како што е договорено во Брисел во 2013 и 2015 година и дека само Менаџерскиот тим е единствениот надлежен за изработка на Статутот на Заедницата на српските општини, и не некој друг“, нагласува Српската листа.

Како што додаваат, неопходно е Заедницата да има извршни овластувања, односно токму онака како што беше договорено во Брисел за време на преговорите меѓу Белград и Приштина.

„Исто така беше истакнато дека формирањето е обврска која не смее да се избегнува бидејќи треба да биде чадор институција на српскиот народ која ќе ги штити индивидуалните и колективните права на нашиот народ.“, велат од Српската листа.

Српската редакција на „Еуроњуз” денеска објави дека САД апелирале одредени земји-членки на Советот на Европа (СЕ) да спречат влез на Косово во СЕ, сè додека Приштина не го смени ставот за формирање на Заедницата на српски општини (ЗСО).

Шефицата на пратеничката група на движењето Самоопределување, Мимоза Кусари вчера изјави дека Владата на Косово не е во конфликт со САД во однос на Заедницата на општини со српско мнозинство (ЗСО).

Минатата недела пак косовскиот премиер Албин Курти изјави дека договорот за формирање Заедница на српски општини не може да има приоритет меѓу 33-те договори потпишани како дел од преговарачкиот процес во Брисел.

Кусари: Косовската Влада не е во конфликт со САД поради ЗСО

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот