Средношколците прифаќаат онлајн настава, но се заканија и со бојкот (ВИДЕО)

Средношколците прифаќаат настава на далечина, но под услов доколку се подобри епидемиолошката слика веднаш да се започне со настава со физичко присуство, во спротивно ќе ја бојкотираат наставата, изјави денеска пред Министерството за образование и наука, лидерот на сојузот на средношколците Бленди Ходаи.

Тој истакна дека во преговорите со Владата сите предлози на средношколците биле прифатени, освен она најважното, а тоа е да се воведе комбиниран модел на настава и за средношколците.

Преку дискусии со средношколците од сите градови Ходаи посочи дека е постигнат договор да се прифати онлајн наставата, но како што постепено ќе се подобрува епидемиолошката состојба, така учениците да се враќаат на настава во училиштата.

Ходаи нагласи дека средношколците се свесни за моменталната состојба и самите ги следат препораките на епидемиолозите, меѓутоа онлајн наставата ја гледаат само како привремено решение.

– Ќе почнеме онјалн, но ако се подобри состојбата, сакаме комбинирана настава. Доколку тоа не се случи во ноември, ние ќе ја бојкотираме наставата. Ова не треба да се сфати како компромис со Владата, туку јасно барање на средношколците – изјави лидерот на Средношколскиот сојуз, Бленди Ходаи. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот