СРЕДБА ВО БРИСЕЛ: Министрите на НАТО ќе разговаат за ставовите на Макрон за Алијансата

Денеска во Брисел ќе се одржи состанок на министрите за надворешни работи на земјите членки на НАТО, на кој би требало да се дискутира за ставовите на Макрон.

Германскиот министер за надворешни рабори, Хајко Мас истакнал  денеска се очекува да предлогожи формирање експертска група предводена од генералниот секретар на НАТО која би се занимавала со политички дискусии во однос на стратегијата на Алијансата.

Овој потег е делумно реакција на неодамнешните коментари на францускиот претседател Емануел Макрон, кој за „Економист“ изјави дека „нестабилноста на нашиот американски партнер и зголемувањето на тензиите значеа дека треба да се размислува за идејата за европска одбрана “ и дека „ние ќе дојдеме во одредена етапата треба да го преземеме НАТО “.

Американскиот амбасадор во НАТО, Кеј Бејли Хачисон вчера ги предупреди лидерите на ЕУ дека не можат сами да управуваат со безбедносните закани во светот, објави Политико.

„Не се согласуваме со оценката на претседателот Макрон за НАТО“, рече Хачисон на прес-конференција. „И јас верувам дека НАТО е од суштинско значење доколку сакаме заеднички да правиме проценки на ризиците со кои се соочуваме. Размислувањето дека една земја или една група земји може да се соочи со огромните ризици по нашето население дури не е ни рационално”, додаде американскиот амбасадор во НАТО.

Министрите за надворешни работи на НАТО денеска се очекува и вселената да ја признаат како „оперативен домен“, покрај воздухот, копното, морето и сајбер просторот.

-Овој потег „ќе биде јасен знак дека ние продолжуваме да ја зајакнуваме нашата одбрана во сите области“, рече генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг пред новинарите вчера. „НАТО нема намера да носи оружје во вселената. Но, треба да се осигураме дека нашите мисии и операции имаат соодветна поддршка“.

Меѓу останатите теми на дискусија на денешниот состанок се и борба против хибридни закани, борба против тероризмот, Русија, Кина и контролата на оружјето.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот