Средба на Куомо со Трамп во Белата куќа

Гувернерот на Њујорк, Ендрју Куомо, синоќа во Белата куќа се сретна со американскиот претседател Доналд Трамп со кого разговараа за започнување важни инфарструктурни проекти за рестартирање на економијата во регионот.

– Разговаравме како да се поттикне отварањето, посебно за Њујорк, кој најсилно настрада, изјави Куомо.

Меѓу проектите за кои се разговарало се планот за изградба на железнички тунел под реката Хадсон, проширување на метро линијата на Втора авенија, како и железницата до аеродромот Ла Гвардија, објави „Њујорк тајмс”.

Гувернерот изјави дека овие проекти се клучни во поттикнување на економијата на Њујорк, додека градот се рехабилитира од ударот на пандемијата.

За проектите се потребни финансии и од федералниот буџет. Куомо го повика Трамп да помогне во „побрзо раздвижување на бирократијата” за брзо започнување на работите.

Трамп е републиканец, Куомо е избран гувернер на сојузната држава Њујорк од Демократската партија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот