Србија: Со секира го удрил поранешниот дечко на неговата девојка, таа сведочела на монструозното убиство

Полицијата во Нови Сад го уапси Стефан Станојевиќ (25) под сомниение дека на 31 декември го убил Ѓорѓе Јовановиќ (23) со удар со секира во неговата глава, пишува српски „Курир“.

Телото на 23-годишниот маж е пронајдено завчера, во една населба во Нови Сад, каде некои од граѓаните почувствувале неподнослива смрдена. Истиот ден, кога телото е откриено, новосадската криминалистичка полиција го расветли ова дело и го уапси Стефан, заедно со Јована Ј. (29) од Нови Сад, која присуствувала на убиството, а не го пријавила кривичното дело, па се товари по неколку основи. Инаку, како што дознава српскиот медиум, мотивот за убиството била токму Јована, околку која се скарале Ѓорѓе и Стефан.

Според неофицијални податоци на српски „Курир“, Стефан е осомничен дека го удрил Ѓорѓе со секира трипати по глава. Потоа сакал да го запали со бензин, а пред тоа го фрлил во дупка со ѓубре и го потрупал со цигли. Се откажал од палењето, бидејќи сметал дека циглите ќе бидат доволни за да се сокрие неговото брутално дело.

Тешкото убиство го надгледувала и го прикривала девојката Јована од Нови Сад.

Судија на претходна постапка им одредил притвор до 30 дена.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот