СРАМОТА: Во солзи го напушти теренот, расистички навредуван и доби црвен картон! (ВИДЕО)

фото:твитер

Во Украина повторно владее расизам на фудбалските натпревари, а сега на удар од „навивачите“ на трибините се најде и Бразилецот Тајсон кој ги брани боите на Шахтјор Доњецк.

Капитенот на овој клуб беше расистички навредуван на дербито против екипата на Динамо, а меѓу нив беше и неговиот сонародник Дентињо на теренот. Во составот на Шахтјор има вкупно 10 Бразилци.

Тој потоа им покажа среден прст на луѓето од кои беше навредуван и шутирајќи со топка кон нив во обидат да престанат со таквите извици.

Според правилникот фудбалер секако не смее непримерно да се однесува кон гледачите на трибините, и поради неговиот потег доби црвен картон од главниот судија.

Од друга страна, главниот проблем останува, а тоа е како да се отстрани расизмот од Украина и воопшто од фудбалот, спортот, секојдневниот живот.

Фудбалерот со солзи го напушти теренот, а после мечот се огласи неговиот тренер:

– Сакам да ги поддржам сите кои страдаат од расизмот, со тие луѓе кои се соочија денеска, бидејќи расизмот е неприфатлив. Беше и ќе биде голем срам за сите, и сите мораме да се бориме против тоа секој ден, секоја минута и секоја секунда – вели тренерот на Шахтјор, Луис Кастро.

Украинската фудбалска федерација ја потврди одлуката на црвениот картон и му следува суспензија од еден натпревар.

– Никогаш нема да замолчам во таков нечовечки и одвратен чин. Моите солзи беа од гнев, отфрлање, беспомошност, беспомошност што не можам да направам ништо во тој момент – се огласи Тајсон на својот Инстаграм профил.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот