Споменикот за Горан Стефановски ќе биде поставен во неговото Дебар Маало

 Во чест на починатиот писател, режисер, сценарист, драматург и еден од најзначајните ликови во македонската култура, Горан Стефановски, Општина Центар заедно со семејството на Стефановски во неговото Дебар Маало наскоро ќе постават споменик.

– Симболичниот споменик, е веќе излеан, се наоѓа во Лондон, Велика Британија и ќе биде поставен во паркчето кое се наоѓа спроти бараките на општината, веднаш до чинарот, кој минатата година на роденденот на Стефановски – 27-ми април, беше засаден во знак на сеќавање на доајенот на македонската литература, соопштија денеска од Општина Центар.

Одбележувањето на роденденот на Горан Стефановски, се наведува во соопштението, е дел од програмата за култура на Општина Центар и со исклучок на оваа година, кога целиот свет се соочува со пандемијата на коронавирусот, општината секоја година во Дебар Маало ќе го одбележува со пригоден настан.

Од неодамна функционира и Здружението на граѓани за зачувување и промоција на културното наследство на Горан Стефановски, чија цел е неговиот опус во секое време да биде достапен на граѓаните за подобро запознавање со неговите дела и промоција на сето она што значеше тој за македонската културна сцена.

Роден во Битола, на 27-ми април 1952-ра година, Горан Стефановски беше еден од најпознатите и признати македонски академици, писатели, професори и драматурзи. Беше автор на многу текстови и драми, меѓу кои и “Јане Задрогаз”, „Диво месо”, „Лет во место”, „Хај-Фај”, „Дупло дно”, „Тетовирани души”, „Црна дупка”, „Демонот од Дебар Маало” и на детската ТВ-серија, „Бушава азбука”.

На Античкиот театар во Охрид минатата година е поставена спомен-плоча во чест на познатиот македонски писател и драматург Горан Стефановски.

Спомен-плочата е изработена по повод годишнината од смртта на Стефановски кој почина во 2018 година.

 

На Античкиот театар во Охрид поставена спомен-плоча за Горан Стефановски

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот