Спојувањето на два големи пожари создава дополнителни проблеми во веќе опустошената Австралија

Пожари во Европа/Фото: EPA

Од септември најмалку 27 луѓе загинаа во австралиските пожари, кои на национално ниво уништија повеќе од 10,3 милиони хектари шума.

Два пожари во Австралија најверонојатно ќе се спојат и ќе креираат еден, огромен пожар, предупредија властите. Спојувањето се очекува на границата на сојузните држави Нов Јужен Велс и Викторија, пишуваат медиумите.

Премиерот Скот Морисон предупреди дека ова ќе биде „тежок ден во источните држави“, поради тоа што покрај спојувањето на пожарите, се очекуваат и високи температури, како и силен ветер.

Портпаролот на противпожарната служба на Нов Јужен Велс рече за Би-Би-Си дека спојувањето на двата пожари – двата се надвор од контрола на властите – било „неминовно“ и дека се очекува тоа да се случи во следниот период.

За два пожари на Дунс Род и на Орни Крик се ангажирани пожарникари кои се подготвуваат за тешка ноќ, а авионите нема да можат да работат откако ќе се стемни. Повеќе од 100 пожари горат во најпогодената сојузна држава Нов Јужен Велс, но опасноста е подеднакво голема и во Викторија.

Во делови на Викторија и Нов Јужен Велс властите апелираа до луѓето да ги напуштат своите домови за да „избегнат трагедија“. Пожарите во Нов Јужен Велс уништија околу 1.000 домови од почетокот на новата година.

Премиерот Морисон рече дека два бродови останале во близина на брегот на Нов Јужен Велс, подготвени да ги евакуираат градовите, доколку тоа е потребно.

Од септември најмалку 27 луѓе загинаа во австралиските пожари, кои на национално ниво уништија повеќе од 10,3 милиони хектари шума.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот