Списание за литература, култура и уметност: „Современост“ со нов дизајн

Неодамна излезе број 01/2020 на списанието за литература, култура и уметност „Современост“, кое како директен наследник на списанието „Нов ден“, објавено во 1945 година, може да се смета за најстарото литературно списание во државата, со неговиот прв број што се појавил од 1951 година.

Во редакцијата на „Современост“ сега влегоа млади писатели и поетеси, како Стефан Марковски на функцијата главен и одговорен уредник, Снежана Стојчевска, како извршна уредничка, и Никола Алтиев, уредник. Соодветно на младешкиот елан и ентузијазам, новиот број на „Современост“ излезе со нов дизајн, со седум рубрики и еден ин мемориам во својата содржина, како и со повеќе прилози од македонски и странски поети, прозаисти, драматурзи, есеисти и книжевни критичари.

Објавувањето на списанието е помогнато од Министерството за култура.

(Текстот е објавен во „Културен печат“ број 48, во печатеното издание на „Слободен печат“ на 12-13 септември 2020)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот