Спилберг, Скорсезе и Бредли Купер заедно во филм за славниот композитор (ВИДЕО)

Ова нема да биде класичен биографски филм за Бернштајн, туку сложена приказна за бракот на американскиот композитор, пијанист, диригент, музички теоретичар и неговата сопруга Фелиција Монтеалегре, чилеанска актерка.

Американскиот актер и режисер Бредли Купер ќе режира филм за американскиот диригент и композитор Леонард Бернштајн, а правата за филмот кој се уште нема наслов ги откупи Нетфликс.

Купер исто така и ќе глуми во филмот, а покрај тоа во овој филм ќе биде вклучен и Џош Сингер, наградуваниот сценарист за остварувањето „Spotlight“.

Меѓу продуцентите кои ќе работата на овој проект се вкучени големи холивудски имиња, како Стивен Спилберг и Мартин Скорсезе.

Купер е близок соработник со децата на Бернштајн, а откако со тимот составен од успешни лица во светот на филмот доби ексклузивни права за филмот, Нетфликс со задоволство го прифати проектот.

Ова нема да биде класичен биографски филм за Бернштајн, туку сложена приказна за бракот на американскиот композитор, пијанист, диригент, музички теоретичар и неговата сопруга Фелиција Монтеалегре, чилеанска актерка.

Бернштајн (1918-1990) беше еден од најславните диригенти и композитори во САД.

 

Тој ги диригирал речиси сите големи американски оркестри, а од 1958 до 1969 година тој беше и музички управник на Њујоршката филхармонија.

Бернштајн настапуваше и како оперски диригент и концертен пијанист.

Светската слава ја стекна со два мјузикли и тоа – „In the city“ и „West side story“, кои имаат и своја филмска верзија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот