Спектакуларен Лидс со три гола, но Салах му донесе триумф на Ливерпул! (ВИДЕО)

фото: EPA-EFE/Phil Noble

Нашиот Алиоски беше на клупата на резерви во составот на Биелса, но не доби шанса за настап на стадионот „Енфилд“.

Дефинитивно уште од самиот старт во новата сезона не разочараа најдобрите од минатата сезона во Премиер лигата и Чемпионшип, натпревар полн со седум голови на стадионот „Енфилд“.

Ливерпул во првото коло како домаќин со конечен резултат 4:3 успеа да го совлада Лидс, составот на Марсело Биелса иако поразен се покажа како многу храбар и достоен ривал на актуелниот шампион.

Доста маки му направија на тимот на Клоп кој трипати водеше, но и гостинот од „Иланд Роуд“ трипати израмнуваше. Уште во четвртата минута Ливерпул поведе од пенал реализиран од Салах, па израмни Херисон во 12 минута после асистенцијата на Филипс.

Во 20 минута Ван Дајк после изведениот корнер на Робертсон ја враќа позитивата на Редси, а Холанѓанецот направи грешка во 30 минута која ја искористи Бамфорд за нов егал.

Во 33 минута Салах го постигна и вториот гол на мечот, а во 66 минута после една убава акција на Лидс израмни Клих.

Доста неизвесно беше до самиот крај на средбата, Салах го комплетираше хет-трикот во 88 минута, повторно беше прецизен од пенал за поставување на конечниот епилог.

Лидс кој се врати во елитата после 16 години дефинитивно со ваквото одлично издание ќе има што да каже оваа сезона. Македонскиот репрезентативец Езџан Алиоски беше на клупата за резерви, но не доби шанса.

Менаџерот на Лидс, Биелса беше свесен дека нашиот играч имаше обврски со националната А селекција, па очекуваме своето деби да го има веќе во наредното коло на 19 септември дома против Фулам.

Во меѓувреме се одигра уште еден меч од саботната програма, Кристал Палас со 1:0 беше подобар од Саутемптон со погодокот на Заха во 13 минута.

Одличен старт на Арсенал, Вилијан и Габриел за „самба“ во Лондон! (ВИДЕО)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот