СПЕКТАКЛ: Надал и Ѓоковиќ за тронот во Рим

EPA-EFE/CLAUDIO ONORATI

Нов спектакл денеска од 16:00 часот очекуваме во финалето на мастерс турнирот во Рим, Италија, што можеби и ќе претставува една одлична најава за „Ролан Гарос“.

Во меѓусебните дуели Новак Ѓоковиќ е подобар со 28 победи, три помалку има Рафаел Надал. Секако Шпанецот доминира кога станува збор за пресметките на земја (16:7).

Ова ќе биде нивното 11. финале на земја, а Надал има предност, но далеку поскромна во однос на најбавната подлога – 6:4.

-Тој е мој најголем ривал на сите времиња. Толку многу мечеви со него и мислам дека го имаме најдолгото ривалство во историјата на тенисот. Секој пат кога играме еден против друг е навистина возбудливо и предизвикот е неверојатен – рече Ѓоковиќ.

Ако Ѓоковиќ дојде до триумфот во Рим, ќе има шанса во Франција, во евентуалното финале, бидејќи порано не можат да се сретнат, би биле целосно израмнети во овој сегмент, па и можеби на некој начин би го довело и прашањето на титулата која Шпанецот ја носи – „кралот на земјата“.

Двајцата имаат по 33 освоени мастерс титули и после ова финале еден ќе се одвои на првото место со 34 се до Монтреал, што значи барем на четири месеци.

Нивна вкупно петта финална пресметка во Рим, Ноле и Рафа имаат по две победи. Ако денеска слави Србинот, би стекнал и позначајна предност во однос на Рафа на АТП ранг листата.

– Мојата цел е да ја подобрувам мојата игра. Уште еден тест за мене и се надевам дека ќе бидам подготвен за добра борба. Ние сме големи ривали и ќе биде еден напорен меч – се зборовите на Надал.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот