Спектакл на „Маракана“: Меси и Нејмар за трофејот на Копа Америка

Фото: EPA/QUIQUE GARCIA

Два гиганти ќе ги одмерат силите во Рио де Жанеиро во 02.00 часот по полноќ, Бразил и Аргентина ќе се соочат во големото финале на „Копа Америка“.

Европа и светот ги чекаат финалето на Европското првенство во пресметката меѓу Англија и Италија, а пред тоа ќе ја добијат супер класиката – пресметката меѓу Бразил и Аргентина во финалето на Копа Америка.

Два гиганти ќе ги одмерат силите во Рио де Жанеиро во 02.00 часот по полноќ, Бразил и Аргентина ќе се соочат во големото финале на „Копа Америка“.

Аргентинците не се поразени во последните 19 натпревари, а серијата на Бразилците трае од ноември 2019 година, кога загубија во пријателски меч токму од „гаучосите“.

Ова ќе биде уште еден судир помеѓу Нејмар и Лионел Меси, двајца големи пријатели од периодот кога тие беа заедно во Барселона.

Фото: EPA-EFE/Ricardo Rimoli

– Ја посакував Аргентина во финалето, сакав судир со Меси. Секако, сакам да победиме – вели бразилскиот репрезентативец Нејмар.

Бразил деветпати досега го освои ова натпреварување, додека Аргентина вкупно 14 пати (Уругвај е рекордер со 15 титули), а чека на нов трофеј уште од 1993 година.

– Веруваме дека дојде време да го освоиме трофејот. Едно е сигурно, тоа ќе биде вистинско дерби – истакна Анхел ди Марија, репрезентативецот на Аргентина.

Меси долго чека на вистински трофеј со репрезентацијата, поразен во финале на Светско првенство, поразен и во финале на Копа Америка.

– Нашата самодоверба е огромна, веруваме дека можеме да стигнеме до титулата – вели напаѓачот на Интер, Лаутаро Мартинес.

Фото: EPA-EFE/Joedson Alves

Улогата на фаворит му припаѓа на Бразил, не само затоа што е домаќин, туку и поради фактот што се здоби со репутација на тим кој скоро секогаш ја победува Аргентина на големите натпревари..

Четири пати овие ривали се сретнаа во финалните дуели – трипати во Копа Америка и еднаш во Купот на конфедерациите. Само еднаш Аргентина беше подобра.

Меси ја бара првата титула, но и Нејмар. Само еден може да се искачи на тронот..

– Подобри сме, ќе победиме – оптимист е бразилскиот играч за врска, Каземиро.

Бразил славеше на пет од шест натпревари, прими само два гола, а во полуфиналето го елиминираше Перу (1:0). Аргентинците имаат ист број триумфи, победувајќи ја Колумбија на пенали во полуфиналето.

ВИДЕО: Колумбија го освои третото место на „Копа Америка“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот