ВИДЕО: Колумбија го освои третото место на „Копа Америка“

Фото: EPA-EFE/Joedson Alves

Доцна синоќа во натпреварот за бронзата на „Копа Америка“ репрезентацијата на Колумбија со конечен резултат 3:2 триумфираше против Перу.

После првото полувреме водеа Перуанците со погодокот на Јотун во 45 минута по додавањето на Куева.

На стартот од вториот дел следуваше израмнувањето преку Квадрадо, а во 66 минута Диаз се погрижи за водство на Колумбијците.

Нов егал на мечот се случи во 82 минута, а во самиот финиш од средбата конечниот епилог го постави Диаз со својот втор погодок.

Потсетување за титулата во ова јужноамериканско натпреварување ќе играат селекции на Бразил и Аргентина.

Најавите велат дека на стадионот „Маракана“ за финалето може да биде пополнето 10% од капацитетот. Бразилците досега деветпати ја освоија „Копа Америка“, а Аргентинците ќе атакуваат на својата 15 титула.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот