Спасовски: Вкупниот криминалитет бележи намалување за 8,31 проценти

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во Утрински брифинг / Фото: Слободен печат/ Драган Митрески

Во периодот од јануари до 20 јуни 2022 година на територијата на Република Северна Македонија регистрирани се вкупно 10.834 кривични дела, објави министерот за внатрешни Оливер Спасовски на неговиот фејсбук профил.

– Во однос на истиот период од 2021 година, вкупниот криминалитет бележи намалување за 8,31 %, кое се должи на промените кои се евидентирани во областа на економскиот криминалитет, каде значително е намален бројот на кривичните дела кои се поврзани со непочитување на здравствените прописи во врска со епидемијата. Вкупна материјална штета од 122.8 милиони денари, напиша Спасовски на фејсбук.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот