Спасовски: СДСМ претседателот на партијата ќе го бира на непосредни избори на 21 март

 СДСМ и Владата работат за граѓаните, спроведуваат проекти што ќе претставуваат напредок на општеството и основа за иден развој. Со менувањето на општеството, неминовно се налага потребата да се менува и партијата. Согласно визиите, партијата како одговорна реши да прави чекори во насока на демократизација. Со промените на Статутот, како чекор напред кон натамошна демократизација СДСМ претседателот ќе го бира на непосредни избори.

Ова денеска од Охрид го истакна Оливер Спасовски, член на раководството на СДСМ и министер за внатрешни работи.

Спасовски пред членството на СДСМ во Охрид истакна дека во тааа насока ќе се спроведува ажурирање на членството.

– Во моментот имаме 1563 тима во државата во 74-те општински организации кои ќе ги посетуваат членовите на СДСМ, согласно здравствените протоколи. На таа тема денеска разговаравме со членството во Охрид каде во тек е реевиденција на членовите на партијата и на тој начин да покажеме дека доколку можеме самите да се демократизираме, имаме капацитет да правиме демократизација и на институциите на општеството, рече тој.

Спасовски ги повика членовите на СДСМ во Охрид да пристапат кон ажурурање на своето членството, да добијат електронска картичка.

– Остануваме отворени и за секој кој сака да пристапи кон СДСМ, да пристапи кон овие наши идеи, кон заедничките ставови за иднината на државата. Тоа е важен процес, процес во кој сите ние активно се вклучуваме и процес на кој ќе бидеме горди, затоа што претставува основа за идниот развој, и на партијата и на државата, рече Спасовски. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот