Спасовски: Нема толеранција за говорот на омраза, мора добро да се превенира

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски вели дека полицијата ефикасно постапувала при неодамнешниот случај со говор на омраза во скопската населба Ѓорче Петров. Преку говрот на омраза, како што изјави тој денеска, може да дојде до меѓуетнички, верски, политички судири и сето тоа треба да биде превенирано добро.

Спасовски рече дека соработувале со Јавното обвнителство и се идентификувани учесниците во, како што рече, еден ваков немил настан, кој можеше да прерасне во серизно безбедносно нарушување на состојбата. И од тој аспект, посочи, се покренаа и кривични постапки.

– Тоа покажува дека во тој дел сме решени говорот на омраза да не биде толериран, не само тука, туку и на социјалните мрежи. Секако дека треба да се зајакнат и капацитетите на одделот за компјутерски криминал за да може побрзо и поефикасно да се откриваат овие случаи на говор на омраза, но потребна е и поголема ефиксност од страна на ЈО, да ги процесуираме и на тој начин да ги обесхрабриме сите оние коишто настапуваат на овој начин во  македонското оштество. Преку говорот на омраза навистина можеме да дојдеме до нарушување на состојбите, меѓуетнички, политички, верски, итн. Сето тоа треба да биде превенирано добро, а во одреден момент најдобрата превенција е токму санкцијата на оние кои го направиле тоа и продолжуват со такви активности – изјави Спасовски, одгварајќи на новинарски прашања при посетата на Полицискиот центар Ѓорче петров.

Прочитајте и...  Умре волонтер кој учествувал во тестирањето на Оксфорд вакцината против ковид-19

Поврзани вести

ФОТО: НАТО издвојува 1,4 милиони евра за борбата со пандемијата во Македонија

Борба против ковид-19: НАТО и ЕУ ќе испратат 300 медицински лица на помош на Чешка

Слободен печат

Бугарски „Дневник“ открива зошто Бугарија го блокираше договорот со Фронтекс

Слободен печат

ФОТО: Претставниците на „Полио плус” се пожалија кај Пендаровски за финансиската поддршка од државата

Едвард Сноуден доби дозвола за постојан престој во Русија

Слободен печат

Прилепската болница доби санитетско возило од Германската амбасада

Слободен печат

Остави Коментар